“Никогаш нема да се откажам од борбата за нашата нација, ќе ги искористиме сите правни средства за луѓето да имаат доверба во својата влада“, рече претседателот на Соединетите држави во обраќањето до американскиот народ.

Изборниот тим на Доналд Трамп го објави неговото обраќање до американскиот народ на Твитер.

Верувам дека американскиот народ заслужува целосна транспарентност кога станува збор за пребројување на гласовите и потврдување на изборите, и тоа веќе не е прашање само на едни избори. Станува збор за интегритетот на нашиот изборен процес.

Од почетокот рековме дека мора да се избројат сите легални гласачки ливчиња, но не и незаконските. Сепак, на секој чекор наидовме на отпор кон овој основен принцип од Демократската партија. Ние ќе го продолжиме овој процес низ сите правни аспекти за да осигуриме дека американскиот народ има доверба во својата влада.

“Никогаш нема да се откажам од борбата за тебе и нашата нација“, рече Трамп.

Обраќањето на Трамп следеше додека сè уште се бројат гласовите на американските претседателски избори, а спротивниот табор на Џо Бајден тврди дека е близу до победа. Од друга страна, Трамп тврди дека имало изборни нерегуларности и дека тој би победил само ако се броеле легалните гласови.