Американскиот претседател Доналд Трамп на вонредна прес-конференција ја објави историската одлука, како што рече самиот, во лечењето на вирусот корона што ќе спаси милиони животи.

Тој најави дека Соединетите држави ќе започнат со користење на крвната плазма на излекуваните пациенти за лекување на заразените.

Трамп апелираше до сите кои се опоравиле од вирусот Ковид-19 да се пријават и да ја донираат својата плазма.

Трамп ја објави таа одлука на прес-конференција во Белата куќа, велејќи дека плазмата од оздравените е „моќна терапија“, пренесува АП.

Тој рече дека постапката на ФДА ќе го прошири пристапот до овој вид лечење што веќе се користи.

Третманот вклучува пренесување на антитела од оздравениот пациент на пациентот заразен со Ковид-19.

Трамп им се заблагодари на донаторите и најави дека јавноста наскоро ќе слушне и за вакцината.

Во моментов работиме на отстранување на непотребните пречки, рече тој.

Администрацијата на Трамп размислува да добие одобрение за употреба на потенцијалната вакцина против Ковид-19, изработена од АстраЗенека и Оксфорд, пред претседателските избори во ноември, објави Фајненшл тајмс.

Една од опција што се разгледува би ја вклучила Американската управа за храна и лекови (ФДА), која би дала „итно одобрување“ на потенцијална вакцина во октомври, развиена од Оксфорд со АстраЗенека.

АстраЗанека ја негираше оваа опција.


Напишете коментар