Американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше хоспитализиран во воената болница Валтер Рид, откако му беше дијагностициран коронавирус и откако започна да чувствува симптоми на болеста, сними ново видео.

Тој исто така рече дека научил многу за ковидот, дека ова е вистинско училиште и дека има намера да зборува за тоа.

Ова е многу интересно патување. Научив многу за Ковид, рече Трамп во видеото објавено на неговата страница на Твитер.

Тоа го научив така што сега одам навистина на училиште. Ова е вистинско училиште. Ова не е училиште, затоа се читаат книги и јас го сфаќам тоа. И го разбирам. И тоа е многу интересна работа. Ќе ви раскажувам за тоа. Во меѓувреме, да ги сакаме САД и да го сакаме што се случува, рече тој.

Трамп рече дека додека бил во болница, успеал да се сретне и со „некои од војниците и одличните вработени“.

Трамп во видеото најави и изненадување за своите фанови. На што точно мислеше се виде 15 минути по објавувањето на видеото на Твитер кога се појави во поворка со автомобили пред болницата, мавтајќи им на фановите.

Не му кажувам на никој освен на вас, но наскоро ќе приредам посета на изненадување, рече Трамп, додавајќи дека гледа ентузијазам каков што веројатно не го видел порано.