Големите инвестиции во воената сфера им овозможија на САД да останат водечка воена сила во светот, зачувувајќи ја својата воена предност во однос на Кина, изјави американскиот Претседател Доналд Трамп.

Тие (во Кина) градат силна армија. „За среќа, јас ги правам истите работи, инаку ќе бевме далеку зад нив“, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Според Трамп, Кина тргувала со САД подолго време под поволни услови.

Тие ги искористија нашите пари за зајакнување на армијата, додаде Претседателот на Америка, Доналд Трамп.