Во предизборната кампања во Северна Каролина, американскиот претседател Доналд Трамп, меѓу другото, рече дека може да биде избран за Нобеловата награда за мир, а во тој контекст го спомена неодамна потпишаниот договор меѓу Белград и Приштина во Вашингтон.


Трамп рече дека успеал да ги запре масовните убиства што се случуваат меѓу Србија и Косово веќе неколку децении.
Сигурен сум дека ќе се квалификувам за Нобелова награда за мир, изјави тој.


Ние ги запираме масовните убиства меѓу Косово и Србија. Тие меѓусебно се убиваа многу години. Сега ќе престанат да се убиваат едни со други, вели Трамп.


Трамп објаснува: Им реков, Момци, ајде да се собереме. Знаете, тие тоа го прават стотици години, под различни имиња, рече Трамп.
Претседателот на Соединетите држави беше номиниран за Нобелова награда за мир овој месец откако успеа да потпише договор за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.