На прес-конференција во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп одби да се обврзи на мирно предавање на власта доколку изгуби на претседателските избори.

Па, ќе мора да видиме што ќе се случи, рече Трамп, пренесува Би-Би-Си.

Тој исто така изјави дека смета дека за резултатите од изборите ќе одлучува Врховниот суд, повторно изразувајќи сомнежи за регуларноста на гласањето по пошта.

Оваа измама спроведена од демократите е измама што ќе се најде пред Врховниот суд на САД и мислам дека не е добро да се има ситуација во која може да се случи исход 4 спрема 4, рече Трамп.

Трамп вчера на Твитер објави дека ќе го објават името на судијата што сака да го назначи во Врховниот суд во сабота, за да го замени судијата Рут Бејдер Гинцберг, која почина во петокот.