По повеќечасовна дебата во Претставничкиот дом, мнозинството конгресмени гласаа за отповикување на актуелниот претседател, Доналд Трамп.

Претставничкиот дом на Конгресот на денешната седница расправаше за отповикување на Доналд Трамп. Конгресот го обвинува претседателот за поттикнување бунт во врска со насилните немири во Капитол минатата недела.

Мнозинството конгресмени гласаа за отповикување на претседателот во заминување, па така Трамп стана првиот претседател во историјата на Соединетите Држави, кој некогаш бил отповикан двапати.

Мнозинството членови на Претставничкиот дом на САД гласаа за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп.

Следува расправа во Сенатот, каде ќе се донесе одлука дали Трамп ќе биде разрешен од должноста.

За отповикување на Доналд Трамп гласаа 221 демократи и 10 републиканци.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, за кого медиумите шпекулираат дека ќе гласа за импичмент на Трамп во Сенатот, вели дека не донел конечна одлука како да гласа за отповикувањето.

Медиумите се полни со шпекулации, но јас не донесов конечна одлука за тоа како ќе гласам. Ќе ги земам предвид правните аргументи кога ќе бидат изнесени во Сенатот – рече тој.