Американскиот претседател Доналд Трамп ги демантираше извештаите во медиумите дека размислува за воведување на воено законодавство со што ќе ги поништи резултатите од претседателските избори во САД, нарекувајќи ги овие наводи „намерни лажни вести“.

Трамп жестоко го критикуваше својот поранешен советник за национална безбедност, Џон Болтон, кој неодамна ги опиша како „застрашувачки“ тврдењата дека Трамп размислува да воведе воено законодавство со цел да ги „повтори“ претседателските избори со помош на американската војска. Болтон рече дека не се сомнева дека Трамп бил вклучен во овие дискусии, нарекувајќи ги „уште еден ден во Овалната соба“.

Трамп рече дека Болтон е „еден од најглупавите луѓе во Вашингтон“. Претседателот потсети на тврдењата на Болтон дека Белата куќа планира да започне „либиско решение“ во преговорите со Северна Кореја.

Критиките на претседателот за извештаите во медиумите уследија по тврдењето на Аксиос засновано на извештаи на анонимни официјални лица дека некои членови на Белата куќа се плашат дека Трамп се обидува да ги злоупотреби своите овластувања и да ги поништи изборите.

Според медиумите, тој страв е поврзан со широката комуникација на Трамп со луѓе кои медиумските извори ги опишуваат како „теоретичари на заговор“, кои ги поддржуваат наводите за изборни измами.

Иако изворот на „Аксиос“ не ги идентификуваше тие лица, описот на еден од нив одговара на наративот што го турка друг поранешен советник за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин, кој неодамна во интервју за „Њузмакс“ предложи американскиот претседател да воведе вонредна состојба во шесте спорни држави и да ги искористи воените трупи за организирање нов избори, додавајќи дека воведувањето вонредна состојба, што е воведено многу пати низ американската историја, е нормално. Флин избегна да спомене дека американската војска никогаш не била користена за поништување на изборите.

Друг извештај, објавен од Њујорк Тајмс, сугерира дека и Флин и адвокатката блиска на Трамп, Сидни Пауел биле поканети на разговори за тоа како да се промени резултатот од претседателските избори. Пауел неколкупати беше критикувана за ширење на обвинувања за измама на гласачите и повикување на Библијата за да ги оправда наводните теории на заговор.