Дел од членовите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и блиските соработници поднесоа оставки или објавија дека ќе поднесат оставки во четвртокот, еден ден откако приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, а неговиот министер за внатрешна безбедност го замоли да го осуди насилството на неговите приврзаници.

Рајан Тули, главниот советник на Доналд Трамп за односи со Русија, поднесе оставка во четвртокот, а повеќе членови на Советот за национална безбедност се очекува да дадат оставка, изјави висок претставник на американската администрација.

Официјален претставник кој побара да не биде именуван, рече дека ветувањето на Трамп за „мирен трансфер на власта“ на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари делумно имало за цел да запре да бидат поднесени повеќе оставки, но тешко дека тоа ќе спречи заминување на некои официјални лица

Вршителот на должноста секретар за внатрешна безбедност Чад Волф во четвртокот го повика Трамп да го осуди насилството на неговите приврзаници кои се обидоа да спречат потврда на изборната победа на Бајден во Конгресот, што Трамп и понатаму (не)основано го оспорува.