Американскиот претседател Доналд Трамп убедливо го порази во сојузната држава Алјаска својот противникот на претседателските избори, Џозеф Бајден.

Според проекциите на американските медиуми, Трамп води на изборите во Алјаска со 57 проценти, додека Бајден има 39 проценти од гласовите. Тој резултат е добиен врз основа на 75 отсто од пребројаните гласови.

Алјаска има три електори во електорскиот колеџ кои го избираат новиот претседател.

Трамп исто така победи убедливо на изборите во Алјаска во 2016 година против Хилари Клинтон.

Инаку, Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес се појави во јавноста за прв пат по изборите во таа земја, со оддавање почит на паднатите борци од Првата светска војна на гробиштата во Арлингтон, на Денот на бранителите, придружуван од сопругата Меланија и потпретседателот Мајк Пенс.