Кинескиот технолошки гигант Хуавеј се соочува со недостиг на чипови за процесорите на паметни телефони поради санкциите на САД и ќе биде принуден да го прекине производството на своите најнапредни чипови, изјави еден од директорите на компанијата, Ричард Ју.

Според него, производството на чипот “Кирин“, кој е дизајниран од „Хуавеј“, ќе биде запрено на 15 септември, затоа што американската технологија е неопходна за нивно производство.

Тој додаде дека компанијата не е во состојба да направи свои чипови.

За нас е голема загуба. Овогодинешната генерација на чипови “Кирин”на Хуавеј може да биде последна“, рече Ју.

Хуавеј технолоџис , еден од најголемите производители на паметни телефони и мрежна опрема, се најде во центарот на тензиите меѓу Соединетите држави и Кина во врска со безбедноста и технологијата, што ја вклучува и кинеската апликација Tik-Tok.

Вашингтон спречи Хуавеј да има пристап до компонентите направени во САД, како што се услуги за мобилни телефони, како Google Music.

Санкциите беа засилени во мај, кога Белата куќа им забрани на снабдувачите ширум светот да користат американска технологија за производство на компоненти за „Хуавеј“.

Таен разузнавачки извештај, кој неодамна беше објавен, покажува дека канадската разузнавачка агенција предупредувала дека апсењето на ќерката на основачот на „Хуавеј”, кинескиот милијардер Рен Женг, по наредба на Америка, ќе ги разниша односите меѓу Кина и Канада.

Извештајот на канадската разузнавачка агенција беше проследен до надлежните органи во таа земја пред апсењето на Менг Ванжу, ќерка на кинескиот милијардер и главен финансиски директор во „Хуавеј, пишуваат кандските медиуми.

Извештајот на канадското разузнавање е дел од судската документација во рамките на постапката за екстрадиција на Менг во САД. Во него, Канаѓаните објаснуваат дека биле информирани за намерата на ФБИ да биде уапсена Менг веднаш штом ќе слета на аеродромот во Ванкувер.


Напишете коментар