Во последните 12 месеци, Претседателот на Соединетите Држави има 300 милиони долари помалку на својата сметка.

Како што се приближуваат претседателските избори во САД, закажани за 3 ноември 2020 година, гласачите сè повеќе сакаат да одговорат дали се задоволни од нивната финансиска состојба: дали напредувале во последните четири години?

Богстството нс Трамп сигурно не е зголемено. Напротив. Веројатно тоа прашање и таквите проценки би имале повеќе смисла ако не се случеше кризата со короната, па ќе беше многу појасно како Америка живее под диригентската палка на Доналд Трамп. Така, пандемијата може да стане виновник за сите економски проблеми во земјата.

Меѓутоа, ако за момент ги игнорираме преполните бироа и милиони апликации за финансиска помош, и ја погледнеме сметката на првиот човек во САД, ќе заклучиме дека Трамп изгуби 300 милиони долари во минатата година. Неговото богатство сега се проценува на 2,7 милијарди долари.

Со други зборови, падна за 10%, според индексот „Блумберг“ за милијардери. Ова е најостриот финансиски пад за Трамп, од 2015 година, кога американската агенција ја следи неговата состојба.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *