Ден по сцените што ја посрамотија Америка, во Белата куќа владее целосен хаос. Луѓето на претседателот се обидуваат на секој начин да го спасат она што може да се спаси, тие бараат излез од оваа безизлезна ситуација и сите се прашуваат само едно – што ќе стори Доналд Трамп?

Според Њујорк Тајмс, сегашниот претседател има план за кој зборувал во своите кругови веднаш откако сфатил дека ги загубил изборите. Имено, Трамп им рече на своите соработници дека има намера да се помилува, пишува Њујорк Тајмс, кој цитираше два доверливи извори блиски до претседателот. Сепак, останува нејасно дали планот е сè уште во сила, а Белата куќа одби да коментира на таа тема.

Но, самиот факт дека претседателот има намера да се помилува е преседан во историјата на САД, па дури и самите експерти се поделени околу тоа дали таквиот потег воопшто е легален.

Тој планира да си даде имунитет што ќе го заштити по истекот на мандатот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп им предложи на своите соработници да си дадат траен имунитет во последните денови од неговото владеење, што ќе спречи да одговара за делата што ги сторил за време на неговиот мандат.

Доколку се случи таков потег, тоа ќе биде прв пат во историјата на ваков начин да се користи и манифестира моќта што ја има претседателот.

Неколку пати по изборите, Трамп повтори дека размислува за ваков потег и се консултираше со неговите соработници дали треба да направи такво нешто и какви последици може да има поради тоа, како пред законот, така и политички.

Останува нејасно дали врз неговата одлука може да влијае и фактот што ги охрабри своите приврзаници да дојдат пред Капитол, кога некои од нив упаднаа внатре.

Доналд Трамп долго време потенцираше дека има моќ да донесе ваква одлука, а обраќањето кон неговите асистенти и советници, според одредени критичари, е знак дека сака да истрае во својата намера. Ова е дополнително поткрепено со фактот дека во последно време тој станува сè посомнителен за тоа како неговите непријатели ќе ги користат сите можни празнини во законот со цел да го гонат откако ќе ја напушти Белата куќа.

Ниту еден претседател не донел таква одлука порано, така што легитимноста на ваквиот потег претходно не била тестирана во судскиот систем. Експертите се согласуваат дека ваквиот потег би претставувал опасен преседан.

Со таков потег, Трамп би бил заштитен пред федералниот суд, но и понатаму може да одговара за државните злосторства.

Како што беше речено, покрај себе, Трамп има намера да ги заштити и своите три најстари деца – Доналд Трамп помладиот, Ерик Трамп и Иванка Трамп, потоа нејзиниот сопруг, неговиот советник Џеред Кушнер и уште неколку блиски соработници, вклучувајќи го и Рудолф Џулијани.