Американскиот претседател Доналд Трамп ќе мора да даде примерок од ДНК, како дел од истрагата во која поранешната новинарка го обвинува за обид за силување.

Џин Керол, колумнист за магазинот „Ел“, исто така го обвини Трамп за обид за силување што, наводно, се случило пред скоро 25 години.

Таа изјавила дека го запознала Трамп во луксузната стоковна куќа „Бергдорф Гудман“ во Њујорк.

Таа тврди дека Трамп ја турнал на зидот во кабините за облекување, ги откопчал пантолоните и се обидел да ја силува, но дека таа успеала да се ослободи и да избега.

Таа вели дека таа ја сочувала облеката што ја носеше тој ден и дека врз неа има траги од Трамп.

Таа сега на својот Твитер профил објави документ, за кој тврди дека го издал Врховниот суд на државата Њујорк, кој му нареди на Трамп да предаде примерок од ДНК до 15 септември.

Американскиот претседател ги негираше тврдењата на Џин Керол, велејќи дека „тој никогаш не ја запознал таа жена во животот“.

Тој исто така додаде дека немало полициски извештај од тоа време, ниту снимки или сведоци што би ја потврдиле нејзината приказна.


Напишете коментар