Претседателот на САД, Доналд Трамп планира да го напушти Вашингтон на денот на инаугурацијата , 20 јануари, наутро, откако првично заминувањето беше планирано за 19 јануари, изјави извор близок до претседателот.

Според истиот извор, Трамп, кој веќе објави дека нема намера да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, планира церемонија на проштална служба во базата Ендрјус, недалеку од Вашингтон, каде се наоѓа и претседателскиот авион „Ер форс еден“.

Потоа ќе отпатува за Палм Бич, Флорида, каде што се наоѓа неговиот имот Мар-а-Лаго.