Алчноста, а не предавството, беше причината што претседателот Доналд Трамп побара помош од Владимир Путин пред изборите во 2016 година, напиша поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен во новата книга.

Трамп сакаше да изгради облакодер од 120 ката на Црвениот плоштад во Москва, во кој на 30 ката ќе се сместат хотел со пет звездички и спа центар според идеите на Иванка Трамп, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на книгата на Коен.

Трамп имал намера бесплатно да му даде станбен простор на врвот на зградата на рускиот претседател Путин „за да му се додвори“, пишува Коен, адвокат кој ги средуваше работите за Трамп.

Целата приказна за патриотизам и предавство стана неважна во неговата глава“, пишува Коен. „Трамп ја искористи кампањата за да заработи пари: се разбира дека е така, вели тој.

Трамп и Путин беа обединети во нивната омраза кон Хилари Клинтон, тврди Коен и вели дека Путин и бил лут на Клинтон за поддршката за масовните протести против него во 2011 година.

Тоа што изгледа како таен договор е навистина само согласност да и се наштети на Хилари Клинтон на кој било начин, вклучително и со мешање во изборите во САД – што не му донесе нималку непријатност на Трамп, пишува Коен.

Книгата на Коен, ќе биде објавена во вторник.

Во изјава за Вашингтон пост, портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенани го нападна кредибилитетот на Коен: Мајкл Коен е срамен измамник и адвокат исфрлен од Адвокатската комора, кој го излажа Конгресот. Тој го изгуби целиот кредибилитет и не е ни чудо што во неговиот последен обид се обидува да профитира од лагата.


Напишете коментар