Претседателот Доналд Трамп во неделата одржа митинг во затворен простор во Невада и покрај тоа што здравствените експерти предупредуваат против одржување на големите собири во затворени простории за време на пандемијата на коронавирусот.

Претседателот Трамп, кој е кандидат на републиканците на изборите што ќе се одржат на 3-ти ноември, го критикуваше својот демократски ривал, поранешниот потпретседател Џо Бајден, велејќи дека тој зема дрога и е премногу попустлив кон криминалот.

Бајден сака да ги смири домашните терористи, а мојот план е да ги уапсам домашните терористи, рече Трамп пред воодушевената толпа. „Ако победи Бајден, мафијата ќе победи.

Луѓето седеа едни покрај други, а многумина не носеа маски.

Бајден го критикуваше Трамп за одржување предизборни митинзи со кои луѓето се изложени на ризик од инфекција со коронавирус, од што досега умреа повеќе од 194.000 луѓе во САД.