Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој се кандидираше за втор претседателски мандат, на изборите на 3 ноември, врши притисок врз здравствените власти да развијат и одобрат вакцина против коронавирусот што е можно поскоро.

Темни сили, или кој и да е, преку Агенцијата за лекови им отежнуваат на фармацеутските компании да најдат кандидати и да ги тестираат за вакцината. Тие очигледно се надеваат дека ќе го одложат изнаоѓањето решение за по 3-ти ноември. Фокусот треба да биде на брзината и на спасувањето животи“, напиша Трамп на Твитер.

Твитот беше насочен кон Стивен Хан, шеф на Управата за храна и лекови (ФДА).

Трамп пред неколку недели изјави дека се надева дека вакцината ќе биде произведена до претседателските избори. Тој се соочи со силни критики за неговиот третман на епидемијата на коронавирус, која однесе 175.000 животи и зарази повеќе од 5,6 милиони луѓе во Америка!

Хан во неколку наврати рече дека ФДА ќе се придржува до вообичаените строги научни процедури, додавајќи дека тој не се соочува со притисок да ги промени своите критериуми.

Во тек се големи клинички студии кои вклучуваат околу 30 000 волонтери. Доколку целиот процес на тестирање се спроведе до есен, ФДА би можела да започне со процесот на одобрување на вакцината.

Владини експерти на САД, вклучувајќи го и главниот специјалист за заразни болести, Антони Фаучи, веруваат дека вакцината би можела да биде достапна во почетокот на 2021 година.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *