Еден дел од американската јавност го пофали потегот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за изборот на полковникот Даглас МекГрегор на позицијата советник на шефот на Пентагон.

Задоволен сум што претседателот Трамп побара од мојот пријател полковник Даг МекГрегор да помогне брзо да се стави крај на војната во Авганистан. Овој избор има за цел да му помогне на Претседателот Трамп да ги запре бесконечните војни што ги водиме, напиша сенаторот Ренд Пол на својот профил на Твитер.

Даглас Мекартур се залага што побрзо да се стави крај на војната во Авганистан и мешањето на САД во светските конфликти.

Тој е особено интересен за нашиот регион поради неговите претходно изнесени ставови за американската интервенционистичка политика на Балканот, што, како што рече, резултираше со етничко чистење и воени злосторства.

Со нашето мешање, на чело на таа држава ја ставивме муслиманската нарко мафија, рече тој.

Во јули тој беше назначен за нов американски амбасадор во Германија и со своите изјави по изборот ги шокираше западните медиуми тврдејќи дека Соединетите држави убивале православни христијани Срби на Косово со цел да создадат „мафијашка муслиманска држава“ на таа територија!

Тој е човек кој ужива голема доверба на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој беше дури и кандидат за советник за национална безбедност на САД, откако Трамп го отпушти Џон Болтон.
Во своите изјави во претходните години, Мекгрегор отворено ја критикуваше НАТО бомбардирањето на тогашна СРЈ во 1999 година.

Американците интервенираа против православните христијански Срби на Косово, потоа и дозволија на муслиманската мафија да ја води таа земја, а на крај тоа го нарекоа голем успех за демократијата, рече Мек Грегор во еден од своите настапи.

Тој исто така рече дека „бунтовниците“ во источна Украина се всушност Руси и рече дека Москва треба со право да го припои кон својата територија тој дел исто како што направи со регионот на Крим, што честопати беше критикувано од западните медиуми.