Доналд Трамп за прв пат призна дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колегиум го изгласа Џо Бајден за нов американски претседател.

Трамп претходно одбиваше да ги признае изборните резултати, иако неговите приврзаници изгубија 38 одделни судски процеси во кои се наведуваа разни изборни измами, пренесува Мирор.

Сепак, говорејќи на Денот на благодарноста, 45-от претседател на Соединетите држави рече: Секако дека ќе го сторам тоа, и вие го знаете тоа, рече тој запрашан дали ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колегиум гласа против него.

Ако го сторат тоа, тие ќе погрешат, додаде тој.

Поставувајќи новинарски прашања во Белата куќа, Трамп беше запрашан дали ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари. Тој одговори: „Го знам одговорот, но сè уште не сакам да го кажам“.

Трамп веќе вели дека планира повторно да се кандидира за номинацијата на Републиканската партија во 2024 година.