Претседателот на САД, Доналд Трамп и даде поддршка на Франција преку Твитер, по денешниот терористички напад , кога во Ница беа убиени три лица.

Трамп на својот профил на Твитер напиша дека срцата на Американците се со Франција.

„Сочувствуваме со вас. Америка секогаш ќе биде со нашите најстари сојузници во оваа борба. Радикалните исламистички терористички напади мора веднаш да престанат. Ниту една земја во светот, Франција или која било друга, не може да го толерира тоа.“, напиша Трамп.