Јадранка Косор открива вознемирувачки детали од нејзиниот приватен живот: Мојот очув се обиде сексуално да ме злоупотреби.

Во нејзината книга „Премиерка“, таа откри претходно непознати детали од нејзиниот живот

Во интервју за „Јутарњи лист“, Јадранка Косор, поранешен хрватски премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), откри детали кои не се познати во јавноста. Некои од деталите се вознемирувачки. Косор зборуваше и за обидот на нејзиниот очув за нејзина сексуална злоупотреба.

Причината за интервјуто беше нејзината нова книга наречена „Премиерка“. Токму во овој дел Косор ги опиша овие вознемирувачки детали, кога нејзиниот очув се обидел сексуално да ја злоупотреби.

Мојата мајка беше безмилосно тепана од мојот очув а нејзиниот втор сопруг. Мајка ми се обидуваше тоа да го крие од својата мајка, но тоа не беше ништо ново во нашето село Липик бидејќи и мојата баба беше редовно тепана од мојот дедо.

Во интервјуто за „Јутарњи лист“, таа рече дека испратила писма до нејзиниот татко, без кого пораснала.

Напишав дека во тој момент бев „порасната и остарена”. Татко ми не се спомнуваше во нашата куќа. До седумгодишна возраст, живеев само со баба ми и нејзиниот брат, а потоа мајка ми, како учителка, успеа да добие трансфер и да се врати дома во Липик. Името на татко ми се спомена во куќата само еднаш кога мајка ми се обиде да добие алиментација на суд. Татко ми дојде со двајца адвокати за да се одбрани од сопственото дете. Мама се откажа – рече Косор.

Како што рече Косор, таа никогаш не престанала да верува дека нејзиниот татко ќе се појави.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *