Бидејќи не успеаја да го убијат Алексеј Навални во првиот обид, агентите на рускиот безбедносен апарат уште еднаш се обидоа да го отрујат со нервен гас, а тоа беше непосредно пред тој да отпатува за Берлин, пренесува германски “Билд“, повикувајќи се на британскиот “Тајмс“. 

Неуспешниот двоен обид за убиство на најпознатиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, покажува дека политиката на заплашување, применета за време на Советскиот Сојуз, сè уште игра важна улога во политиката на Кремљ.  Британскиот весник анализираше како навистина се случиле нападите.

Многу експерти претпоставуваат дека Навални не бил отруен од чајот што го испил во аеродромската чекална пред првиот петчасовен лет од Сибир до Москва, туку кога се облекувал тоа утро.  Тие веруваат дека труењето било предизвикано од капка отров на неговата облека, веројатно на неговата долна облека.  Според “Тајмс“, постои сомневање дека агентите упаднале во неговата хотелска соба додека тој бил на состанок неколку часа пред полетувањето.

Навални ќе беше мртов доколку пилотот на авионот не инсистираше на слетување на аеродромот во Омск, иако му беше кажано дека е затворен поради сомнеж дека е поставена бомба. “Тајмс“ проценува дека зад тоа може да стои и руската разузнавачка служба.

Кога Навални пристигнал во болницата во Омск, руските агенти наводно го посетиле главниот лекар, кој подоцна наводно се обидел да го прикрие труењето.  Сопругата на Навални, Јулија, се плашела дека болницата се обидува да го спречи неговото закрепнување, поради што упорно барала тој да биде префрлен во Германија.  Како што дознава „Тајмс“ од информирани извори, лекарот тогаш и рекол дека е премногу слаб за да го издржи патувањето, пренесува „Билд“.

На крајот, Навални бил пренесен во Берлин, но “Тајмс“ пренесува дека германските разузнавачки служби ги известиле своите соработници во Велика Британија дека Навални бил повторно нападнат, додека тој лежел во кома пред да полета за Германија.

Целта беше да се умре пред да пристигне во Берлин, го цитира “Тајмс“ својот извор.

Активната супстанција атропин веројатно му го спасила животот (по втор пат), пренесува “Билд“.  Бидејќи веќе го имал во крвта поради првиот обид за труење, веројатно го спречил труењето во вториот обид, тврди изворот.

И покрај опасноста во која се наоѓаше и во која се уште се наоѓа, Навални се опорави.

– Се чувствувам жив.  Поминав низ различни фази на заздравување откако се разбудив од кома.  Во болницата разбрав што навистина се случи – рече Навални во интервју за “Билд“ по излегувањето од болницата.

По 28 дена поминати во болница, за прв пат прошетав во паркот, на дожд.  Тогаш се чувствував исполнето со живот, мислам дека малкумина го знаат тоа чувство.  Луѓето трчаа покрај мене, а јас сакав да трчам со нив, беше прекрасно.  Мојата последна мисла во авионот беше: “Умирам“.  Прекрасно е што можам да разговарам со сопругата, ги чувам моите деца и свеста дека сум жив е прекрасна – рече Навални.