Вотфорд поради поразот од Вест Хем (1-3) стравува за својата судбина во Премиер лигата, а тренерот на тимот, Најџел Персон, не беше воопшто нежен кон своите играчи по неуспехот во англиската елита.

По дуелот со „чеканите“ тој истакна дека повеќето од играчите во составот биле како да се туристи, нешто што не е во ред на две кола пред крајот во Премиер лигата и се уште необезбедениот опстанок.

„Имавме туристи во составот и тоа е навистина разочарувачки. Во вториот дел бевме подобри, но негативата која ја стекнавме во првиот бел беше висока. На останатите два меча треба да дојдеме до еден позитивен резултат. Очекувам повеќе од фудбалерите во мечевите со Манчестер Сити и Арсенал“, изјави Персон.

Вотфорд има 34 бода и е на седумнаесеттото место, а главен конкурент во борбата за опстанок му се Борнмут и Астон Вила кои имаат по 31 бод.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *