Извршниот директор на Фајзер , Алберт Бурла, рече дека на луѓето „веројатно“ ќе им треба трета доза од вакцината Ковид-19 во рок од 12 месеци по приемот на втората доза.

Тој додаде дека е можно на луѓето да им треба вакцина за коронавирус на годишно ниво.

Мора да видиме како ќе се развиваат работите и колку често ќе треба да се вакцинираат. Значи, тоа допрва треба да го видиме. Веројатно сценарио е дека ќе ни треба трета доза, некаде помеѓу шест и 12 месеци откако сме биле целосно вакцинирани, а потоа ќе се врши годишна ревакцинација. Но, сето ова допрва треба да се потврди. И, се разбира, новите видови ќе играат важна улога овде, изјави Бурла за CNBC.

Извршниот директор на Џонсон и Џонсон, Алекс Горски, исто така, за Си-Ен-Би-Си во февруари изјави дека на луѓето можеби им е потребна вакцината Ковид-19 секоја година, исто како што е потребно во случај на грип.

Имено, научниците сè уште не се целосно сигурни колку долго ги штитат вакцините. Фајзер изјави дека нивната вакцина против ковид-19 е ефикасна повеќе од 91 процент за заштита од коронавирус и повеќе од 95 проценти ефективна против тешка болест во рок од шест месеци од втората доза. Вакцината Модерна, која користи технологија слична на Фајзер, исто така се покажа како многу ефикасна за период од шест месеци.

Сепак, експертите сметаат дека се потребни повеќе податоци и истражувања за да се утврди дали заштитата трае и по тие шест месеци.