Садван Чудри, патник кој требало да лета со Вест Џет, вели дека авиокомпанијата инсистирала неговата 19-месечна ќерка да носи заштитна маска.

Но, од авиокомпанијата велат дека проблемот не бил во 19-месечното девојче, кое дури не морало да носи маска, туку во тригодишната ќерка на Чудри.

Би-Би-Си пишува дека летот 652 од Калгари до Торонто бил откажан во вторникот наутро. На патниците им било речено да го напуштат авионот.

,,Никогаш не сум видел вакво нешто, а камоли да ми се случи мене “, изјави Чудри за Би-Би-Си.

Чудри за Би-Би-Си изјави дека неговата постара ќерка, која има три години, јадела пред полетувањето. Во тој момент стјуардесите се приближиле до Чудри и ги замолиле двете ќерки да им стават маски на лицата. Тој вели дека и тој и неговата сопруга носеле маски.

Тој вели дека ги замолил стјуардесите да бидат трпеливи за да може неговата постара ќерка да заврши со јадењето, но му било кажано дека имаат „политика на нулта толеранција“ и дека нема да ја затворат вратата на авионот пред да и ја стават маската. Чудри вели дека се согласил и ветил дека веднаш ќе им стави маски.