Канадскиот премиер Џастин Трудо денес објави, дека Канада и САД се согласиле да ги продолжат рестриктивните мерки за границата, што се веќе во сила, за уште 30 дена, односно до 21 јули.

Границата првично требаше да биде отворена во април, но затворањето е продолжено двапати досега, а пред последната одлука, важеше до 21 јуни.

Најдолгата меѓународна граница во светот, долга 8.900 километри, беше затворена од обете страни на 21 март како одговор на кризата со коронавирусот.

Затворањето доведе до голем пад на прекуграничниот сообраќај, до 95 отсто, според канадската статистика, но трговијата продолжи непречено да се одвива.

Пред пандемијата, стока во вредност од 1,7 милијарди долари и повеќе од 400.000 луѓе ја минуваа границата секој ден.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *