Туниските власти објавија дека пронашле 20 мртви африкански мигранти денес, откако потонал нивниот брод со кој се обидувале да стигнат до Европа во Средоземното море.

Спасени се петмина преживеани, а туниската морнарица трага по дваесетина од оние за кои се верува дека се водат како исчезнати.

Туниската крајбрежна стража, како и локалните рибари, пронајдоа тела на мигранти во градот Сфакс во централниот дел на Тунис, изјави за Асошиејтед прес портпаролот на Министерството за одбрана Мохамед Бен Зекри.

Тој изјави дека според изјавите на преживеаните, на бродот имало 40 или 50 лица кои биле на пат кон Италија, а за кои се верува дека се претежно од Африка.

Единиците на туниската морнарица се на терен и трагаат по преживеани.