Турската армија денеска започна заеднички воени вежби со армијата на Северен Кипар, изјави потпретседателот на Турција Фуат Октај.

Октај објави на Твитер дека започна петдневна вежба наречена „Медитеранска бура“, како демонстрација на волјата на Анкара да им се спротивстави на оние што се обидуваат да ја ограничат Турција само во Анталискиот залив и да ги игнорираат кипарските Турци.

Безбедносните приоритети на нашата земја и на Северен Кипар не можат да се игнорираат, како и дипломатските решенија за состојбата во Источен Медитеран, напиша Октај.

Октај им посака успех на турските војници, кои ги нарече „гаранти на мирот на Медитеранот“.

Тензиите меѓу Атина и Анкара се зголемија во последните неколку недели, бидејќи Грција ги смета за нелегално енергетското истражување на Турција во источен Медитеран.


Напишете коментар