Турција ги разочара своите сојузници во НАТО по повеќе основи, посебно се разочарани во Вашингтон!

Откако турските медиуми објавија дека Анкара ги тестирала руските системи за противвоздушна одбрана С-400, Пентагон му се заканил на турскиот претседател Ердоган со „сериозни последици“ доколку го стави рускиот систем во употреба, пренесува германската телевизија „Дас Ерсте“

Турција ги тестираше системите за противвоздушна одбрана С-400 што ги набави од Русија, а трговскиот договор со Москва за набавка на тие оружја ги отежнува односите меѓу Анкара и НАТО. Откако медиумите известија за тестирањето на С-400 во Турција, американската влада повторно ја предупреди Турција да не користи оружје набавено од Москва.

Соединетите држави јасно ја искажаа својата позиција во однос на нашите очекувања во врска со фактот дека системите С-400 не треба да се ставаат во употреба. Доколку тоа биде потврдено, ние силно ќе го осудиме пробното лансирање на системот С-400, што е некомпатибилно со одговорноста што Турција ја има како сојузник на НАТО и стратешки партнер на САД, изјави портпаролот на Пентагон, Морган Ортагус.

Америка и се закани на Анкара со „потенцијално сериозни последици“, пренесува „Дас ерсте“.

Германската телевизија потсетува дека поради набавката на руските системи за противвоздушна одбрана, САД веќе ја исклучија Турција од програмата за производство на воени авиони Ф-35. На Турција сега и се закануваат нови санкции од САД.

Западот ги смета ракетните системи од Русија опасни по безбедноста. Во исто време, тие се некомпатибилни со воените системи на НАТО. Вашингтон стравува дека Русија може да добие пристап до класифицираните информации на Алијансата ако Анкара ги активира руските системи С-400 на нејзината територија.

Турција ја објасни одлуката за купување руски системи со тоа што САД не сакаат да им ги продадат своите ракетни системи „Патриот“. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неколку пати рече дека Турција ќе користи руски системи.

Претходно, беше објавена видео снимка од Синоп, на која се гледа ракета лансирана за време на тестирање на рускиот систем С-400. Таа беше објавена од турскиот воен магазин „М5“. Турското Министерство за одбрана не ги коментираше овие тврдења.