Турскиот министер Сулејман Сојлу објави видео за кое тврди дека е доказ дека грчките безбедносни сили се обидуваат да запалат мигранти.

Имено, тој во описот на видеото објавено на Твитер напиша дека грчките полициски агенции ги посипуваат со бензин мигрантите, кои не биле пријавени како би се обиделе да ги запалат.

Тој додаде дека ова е масакр што се одвиваше под покровителство на Европа.

Европа ќе остане во историјата како иницијатор на ова зло затоа што ја разгали Грција и молчи за тоа што се случува таму, посочи Сојлу.

Командата на турската крајбрежна стража изјави дека тие патролирале во водите недалеку од Измир, кога забележале како илегален мигрантски брод од грчка страна се враќа во турските територијални води.