Системите за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“ беа доставени до Турција за 2,5 милијарди долари, објави шефот на корпорацијата „Ротсех“ на средбата со рускиот лидер Владимир Путин.

„Пред истекот на крајниот рок беа реализирани обврските и испораката на “Триумф” С-400 на Турција. Ова е прв договор со ваков вид со членка на НАТО. Вредноста на договорот е 2,5 милијарди долари “, рече Чемезов, пренесува прес-службата на Кремљ.

Шефот на „Ростех“ исто така најави дека реализацијата на вториот дел од испораките на С-400 се разгледува во овој момент.

Тој најави дека „Ростех“ ги зголеми своите приходи за 8 отсто на крајот на минатата година во однос на претходната година, односно за 1,77 трилиони рубли.

Испораките на С-400, кои предизвикаа криза во односите меѓу Турција и Соединетите држави, започнаа во средината на јули минатата година. Вашингтон побара од Анкара да се повлече од договорот и да се снабди со американски системи „Патриот“.

Соединетите држави се заканија дека ќе ја одложат или целосно ја прекинат продажбата на најновите борбени авиони Ф-35 на Турција, како и дека ќе воведат санкции кон Турција. Сепак, Анкара одби да направи отстапки за Вашингтон.

Минатата година Русија ги исполни обврските од првиот договор за испорака на четири дивизии С-400 на Турција, во вредност од 2,5 милиони долари. Во јуни, Русија и Турција постигнаа договор во принцип за испорака на втор пакет системи за воздушна одбрана.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *