Два земјотреси со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во Егејското Море во близина на турските области Чанакале и Измир, објави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на податоци на владиниот Директорат за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Првиот земјотрес од 3,9 се случи во близина на градот Сеферихисар (област Измир). Земјотресот бил на длабочина од 7 километри. Вториот земјотрес со иста јачина беше регистриран во 7.10 часот во близина на Аивајак (област Чанакале). Длабочината на земјотресот беше 6,95 км.

Нема информации за штетите предизвикани од земјотресите.