Поради влошената епидемиолошка состојба, мерките ќе бидат во сила три недели. Со исклучок на некои професии, како што се лекари, полицајци и новинари, работата е суспендирана или префрлена во режим на работа од далечина.

Продавниците за храна ќе бидат отворени од 10 до 17 часот и ќе бидат затворени во недела, информира БНТ.

Кафулињата и рестораните ќе работат само достава до дома. Јавниот превоз ќе работи со 50 проценти од неговите капацитети. Сите училишта се затвораат, но хотелите ќе бидат отворени.

Странските туристи се ослободени од наметнатите ограничувања. Транзитирањето преку Турција ќе биде можно со негативен ПЦР тест, но не постар од 72 часа.