Експерт за инфективни болести во турската агенција за јавно здравје, во четвртокот, изјави дека експерименталната вакцина, развиена од кинеската биофармацевтска компанија „Синовац“, покажа стапка на ефикасност од 91,25 проценти врз основа на раните резултати во последните фази на тестирање на волонтери во неговата земја.

КоронаВак е таканаречена инактивирана вакцина развиена од Синовац Биотек. Д-р Серхат Унал ги објави резултатите по извршените испитувања меѓу 7.371 доброволци и рече дека вакцината е безбедна.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коца на прес-конференција рече дека резултатите ќе бидат објавени најпрво за КоронаВац. Синовац го одложи објавувањето на резултатите од доцните фази на тестирањето до јануари.

Коца рече дека првата испорака на три милиони дози на КоронаВац ќе биде испратена во Турција во недела и ќе пристигне во понеделник. Тој првично објави дека вакцините ќе пристигнат по 11 декември, но рече дека некои дозволи предизвикаа одложувања. Турција потпиша договор за набавка на 50 милиони дози вакцини.

Министерот за здравство исто така рече дека неговата земја е близу до договор за набавка на вакцината Pfizer BioNTech. Тој додаде дека Турција може да добие 4,5 милиони дози до крајот на март и ќе има опција да купи до 30 милиони дози.