Нема појава на коронавирус во туристичкте места во Турција. Зголемување на бројот на нови случаи е забележано само во Анкара, Дијарбакир, Газиантеп, Коња и Истанбул, соопшти Министерството за здравство на Турција.
Голем број медиуми јавија вчера дека има појава на коронавирус во турските летувалишта, повикувајќи се на изјава на турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.