Струмичките туристички агенции четири месеци без работа и без приход. Цел туристички сектор е пред  банкрот бидејќи сите аранжмани се откажаа од почетокот на пандемијата.

Во услови кога може да се патува само во Турција, Албанија и Бугарија, агенциите се свртени кон нудење на аранжмани во домашните туристички места. До утре тие ќе можат да се регистираат и за работа со ваучерите за домашен туризам што ги додели владата на граѓаните коишто исполнуваа услови. Струмичани велат дека ваучерите ќе ги користат најверојатно покрај некое езеро.

Домашните туристички места, пак, тријат раце. Дојран очекува продолжена туристичка сезона и многу повисок број на ноќевања за разлика од претходната година и покрај променетите услови поради коронавирусот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *