Една од темите на турнејата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Чешка, Словенија, Унгарија и Полска ќе биде потиснување на влијанието на кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ во тие земји.

Посетата на државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во четири држави од Централна и Источна Европа, каде се очекува да се разговара за 5Г мрежата и активности против Кина, покажува дека администрацијата на Трамп вложува силни напори да ја спроведе својата политика на притисок врз Кина.

Патувањето во Чешка, Словенија, Австрија и Полска, откри дека САД се цврсто решени и ќе работат на елиминирање на дејствувањето на Кина од Средна и Источна Европа, пишува кинескиот „Глобал тајмс“.

Експертите проценуваат дека проблемот со Хуавеј е само параван за подобрување на односите на САД со Европа.

Посетата на Помпео има повеќе значења, а приказната за Хуавеј и неговиот ангажман со овие четири источноевропски земји не е приоритет, меѓутоа, Соединетите држави, во секој случај, ќе се обидат да го спречат влијанието на Кина во Средна Европа.

Кина е многу присутна на пазарите на тие четири земји уште од иницијативата „Еден појас, еден пат“ и од тогаш им има дадено многу придобивки, како што се врвните технологии и поволните заеми.

Според екдпертите, очигледно е дека со приближувањето на американските претседателски избори се засилува анти-кинеската реторика во Соединетите држави, а голем дел од американските гласачи, според некои истражувања, над 60 отсто, покажуваат одредено анти-кинеско расположение.

Неодамна Претседателот Трамп изјави дека ако победи Бајден, американските деца ќе започнат да учат кинески.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *