Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одлучи да протера десет амбасадори, валутата на земјата достигна ново рекордно ниско ниво – сега еден долар се менува за 9.738 лири.

Толку беше нејзината вредност на лондонската берза до 23:45 часот. Ова се случи откако Ердоган ги прогласи персона нон грата во саботата на 23 октомври, а потоа ги протера амбасадорите на САД, Германија, Франција, Канада, Холандија, Шведска, Норвешка, Данска, Финска и Нов Зеланд.

Тоа го направи откако Западот ја повика Турција да го ослободи Осман Кавали, кој го претставува и како филантроп.

Економистите и инвеститорите долго време се загрижени за односот на Ердоган кон Централната банка на Турција, сметајќи дека тоа ја загрозува независноста на оваа институција. Тој е убеден дека ниските стапки ќе ја намалат инфлацијата, што е спротивно на очекувањата на голем број економисти, пишува CNBC.

Минатата недела банката Societe Generale прогнозираше континуиран пад на вредноста на лирата и очекува до крајот на оваа година еден долар да изнесува 9,80 лири. Тие истакнаа дека Ердоган „ефикасно ги отстрани сите оние кои се противат на необичниот став дека високите каматни стапки предизвикуваат висока инфлација“, пишува Ројтерс.