Тим на турски научници од два универзитета во земјата откриле дека монтелукаст, молекула што се користи за рутинска лекување на астма, има голем потенцијал за употреба во третманот на КОВИД-19, објави Дејли Сабах.

Научниците од универзитетите Бахчешехир и Медипол во Истанбул веќе некое време ја проучуваат молекулата како дел од заедничкиот проект одобрен од Турскиот совет за научни и технички истражувања (ТУБИТАК), пренесува БТА.

Во претклиничкото испитување, студијата покажа дека молекулата го блокира вирусот да влезе во клетките и да се размножува во клетките. Во моментов е во тек фазата број 2 од испитувањата, што ќе се одржи меѓу 380 волонтери во осум центри низ целата земја.

Проф. Сердар Дурдаг истакна дека молекулата веќе поминала предклинички и клинички испитувања за употреба (како лек во третманот на астма ), што ќе го скрати периодот на нови испитувања.