Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, го презеде и го сподели линкот од контроверзното видео.

Твитер го блокираше Доналд Трамп помладиот, синот на американскиот претседател, и во период од 12 часа го оневозможи пристапот до неговиот профил на таа социјална мрежа, по оценката дека неговата објава ги крши регулативите за сузбивање на дезинформациите во врска со вирусот корона.

На најстариот син на претседателот Трамп му беше забранет пристап до неговиот профил на Твитер 12 часа, откако во понеделникот објави видео на таа мрежа во кое лекарите зборуваат за употреба на лекот хидроксихлорокин.

Видеото е отстрането од Фејсбук, како и Алфабет во сопственост на Јутјуб, а како причина а наведено дека тоа се прави заради кршење на правилата за забрана за ширење дезинформации за вирусот корона.

Во понеделникот, претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп, го презеде огласот со линк до контроверзното видео, обвинувајќи го докторот Ентони Фаучи, водечки американски инфектолог, како и приврзаници на Демократската партија за оспорување на употребата на хидроксихлороин во лечењето на заразените со коронавирус.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *