Човек кој премногу се плашел да лета поради пандемијата, живеел три месеци неоткриен во безбедно подрачје на меѓународниот аеродром во Чикаго. Како што пренесува Би-би-си, Адитја Синг (36) бил уапсен во саботата откако персоналот на авиокомпанијата му побарал да покаже лична карта.

Тој покажал значка, а таа наводно припаѓала на оперативниот менаџер, кој пријавил нејзино исчезнување во октомври.

Полицијата вели дека Синг на 19 октомври пристигнал со лет од Лос Анџелес до меѓународниот аеродром Охаре.

Тој на аеродромот наводно пронашол значка на персоналот и „се плашел да си оди дома заради ковид-19“, рекла помошничката државен обвинител Кетлин Хагерти, пренесува „Чикаго трибјун“.

„Тој успеал да живее од податоците на други патници“, рекла судијката во случајот.

Окружната судијка Сузана Ортиз изразила изненадување на околностите на случајот.

„Така што, ако добро ве разбирам, ми велите дека неовластена личност, која не е вработена, наводно живеела во дел од аеродромскиот терминал Охаре, од 19 октомври 2020 година до 16 јануари 2021 година, и не е откриена? Пробувам да ве разберам“, ѝ рекла на обвинителката која ги изнела наводите во неделата.

Синг живее во предградието на Лос Анџелес и нема криминално досие, според зборовите на помошничката јавен обвинител. Не е јасно зошто бил во Чикаго.

Тој е обвинет за криминално дело во заштитеното подрачје на аеродромот и за кражба.

„Судот ги смета овие факти и околности прилично шокантни за временскиот период во кој тие се случувале“, рекла судијката.