Руските истражители денес соопштија дека уапсиле маж осомничен за убиство на 26 постари жени чии домови ги ограбил во 2011 и 2012 година.

38-годишниот Радик Тагиров, бравар што живее во Казан, на околу 800 километри источно од Москва, е уапсен по систематска полициска работа, која има спроведено над 1.000 генетски тестови, се вели во соопштението на Истражниот комитет, главното руско тело за криминалистичко истражување.

Според истражителите, убиствата биле извршени во 12 региони на Русија.

Сепак, биолошките (генетски) траги и отпечатоците од обувки откриени на местата на злосторството укажуваат дека станува збор за единствен убиец, се вели во соопштението.

Тагиров, кому му се судеше во 2009 година за кражба, сега се испрашува за 26 починети убиства.