Сменетиот градоначалник на Будва, Марко Царевиќ, неговиот син и брат, сменетиот претседател на Општинското собрание на Будва, Крсто Радовиќ и уште петмина соработници утрово се уапсени затоа што не дозволиле полицијата да внесе инспектори во општинската зграда.

На 11 јуни новото мнозинство во Општинското собрание на Будва успеа да ги смени Царевиќ и Радовиќ, на чија смена и претходеа доста инциденти. Царевиќ и Радовиќ не ги признаваат тие одлуки и тврдат дека се незаконски и не дозволуваат новоизбраните службеници да влезат во зградата на Општината, ниту да имаат пристап до општинските документи.


Напишете коментар