Откако бил уапсен, младиот човек и рекол на полицијата дека неговите намери не биле сериозни и дека тој ‘само се шегувал’. Тој вели дека не бил свесен за последиците од ваквите закани

Австриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад среде Виена, пренесува Танјуг.

Младиот човек се закани дека ќе ја разнесе катедралата во Виена денес во 13 часот, бидејќи австрискиот премиер Себастијан Курц не одговори на разговорот.

По утврдувањето на идентитетот на лицето кое се заканило со напад преку контроверзен разговор, специјалните полициски единици го уапсиле 15-годишникот.

Младиот човек претходно не и бил познат на полицијата, а сега се испитува дали неговите закани се поврзани со исламски терористи.

Откако бил уапсен, младиот човек и рекол на полицијата дека неговите намери не биле сериозни и дека тој ‘само се шегувал’. Тој вели дека не бил свесен за последиците од ваквите закани и во моментов е во истражен притвор.

По терористичкиот напад што се случи во ноември, австриската полиција ги сфаќа сите закани многу сериозно и брзо реагира на нив.