Полицијата на Татарстан успеа да го уапси Радик Тагиров (38) во Казан, масовен убиец кој уби околу 30 постари жени во текот на две години, во 2011 и 2012 година, главно со задушување.

Radik Tagirov

Тагиров по професија е бравар, а во истрагата се наведува дека тој се криел осум години и дека за него веќе била распишана потерница и награда од три милиони рубли, околу 40 000 долари, на секој што ќе им дал информации што ќе и помогнат на полицијата да го фати. На истрагата, наводно, и помагало лице од Москва кое давало информации за апсење на опасниот убиец.

По апсењето, Тагиров при првото испрашување ги признал своите злосторства. Полицијата веќе имаше бројни примероци на ДНК од местото на злосторството и сите анализи и споредби покажаа дека Тагиров убивал стари жени.

Соседите на Радик не се сомневале во него бидејќи тој се однесувал „нормално“ како вистински семеен човек, па неговото апсење ги шокирало станарите кои го гледале секој ден.

Сега му се заканува доживотен затвор.