Зоран Албич (25), обвинет за убиство на ќерката (2,5) на својата девојка. Тој денеска осуден е пред судот во Неготин на 40 години затвор, пренесува kurir.rs.

За подсетување, страшното убиство се случи во мај минатата година во населбата Прахово која се наоѓа во Неготин-Србија, Албич несреќното девојче односно ќерката на својата девојка ја претепа до смрт. Наводно, тој кобната ноќ се вратил од шетање, а го нервирало тоа што детето плаче па почнал да го удара додека мајката на Луна била присутна. 

-Кога сватил дека детето не дише, тие го однеле во болница по што рекле дека малечката Луна паднала од тераса. Девојчето починало, а лекарите повикале полиција бидејќи страшните повреди на телото на Луна не се поклопувале со нивната приказна, изјавил извор за kurir.rs.

По смртта на девојчето уапсени се и Албич и нејзината мајка Весна Ф.