На аналитичарот Алберт Муслиу, му влегоа тајно од УБК дома кога немаше никој, и во домот му ставија видео камера, изјави Александар Василевски Нинџа на денешто судење за организаторите на нападот во Собранието на 27 април 2017 година. Инаку, за слично дело Василевски е веќе неправосилно осуден.

На денешното судење Василевски кажа дека за масовноста на протестите биле задолжени поранешниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, Кире Божиновски и шефот на Републичкиот изборен штаб и мнистер во неколку влади на Никола Груевски, Спире Ристовски. Василевски кажа дека водачите на протестите Игор Дурловски, Богдан Илиески Бетмен и Борис Дамовски добиле 200 илјади евра и дека секој ден доаѓале да добиваат инструкции како да се движат и што да му зборат на народот. Според Василевски со Дамовски доаѓаше и неговата сегашна сопруга Иванка Додовска која во моментот е се уште дел од највисокото раководство на ВМРО ДПМНЕ.


Напишете коментар