Одлуката е објавена во Службен весник на 27 септември.

„Учебната 2020/2021 година во основните училишта започнува на 1 октомври, а завршува на 31 август 2021 година“, пишува во Одлуката на Владата за увтрдување на започнувањето и завршувањето на учебната 2020/2021 година во основните училишта во услови на вонсредни околности.

Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња – еден дел ќе бидат во клупите, а поголеми дел ќе учат онлајн од дома.

Учениците до трето одделение, освен оние чии родители не се согласиле, наставата ќе ја следат во училишни клупи.