На подрачјето на Котор, полицијата го уапси Бојан Ивановиќ (31) од Улцињ, кај кого беа пронајдени и одземени 20 поголеми пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.

Ивановиќ е еден од активните учесници во литиите во Црна Гора, организирани од СПЦ, за што сведочат бројни фотографии на социјалните мрежи, како и фотографијата со еден од лидерите на Демократскиот фронт, Марко Милачиќ.

Бојан Ивановиќ е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство, држење и пуштање во промет на дрога и приведен е со кривична пријава до државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица.

Носителот на листата „За иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ, рече дека се подготвува вториот договор меѓу трите коалиции што ќе ја формираат новата влада, што ќе вклучува укинување на Законот за слобода на вероисповед. Тој не одговори прецизно на прашањето дали санкциите против Русија ќе бидат укинати.